Откако секојдневно се коментира, укажува, прогласува или навива, дека Меси е најдобриот фудбалер во историјата, се огласи и легендарниот Бразилец Роналдињо. Тој пред една деценија заедно со Аргентинецот, во дресот на Барселона, жареше и палеше во светскиот фудбал. А со Бразил беше и светски првак.

„Не, не мислам дека Меси е најдобриот фудбалер во историјата. Во својата ера можеби е најдобриот, но во историјата не е. Тука се уште Марадона, Пеле, Роналдо. Не сакам да споредувам, Меси е еден од најголемите во историјата, освои шест Златни Топки, но сепак има уште многу легендани фудбалери“ истакна Роналдињо.