Можеме да се фалиме колку што сакаме, да анализираме и потенцираме било што, но реалноста и фактите се сурови. Имено по завршувањето на групната фаза во Лигата на Шампионите и во Лигата на Европа, од нашите интернационалци за европска пролет се „изборија“ само двајца. Елиф Елмас со Наполи и својот нов тренер Џенаро Гатусо ќе игра во 1/8 финалето во ЛШ, а Стефан Ристовски со својот Спортинг Лисабон се пласира во 1/16 финалето во ЛЕ, и толку.

Тука не го сметаме младиот голман Дени Илиев, кој иако се врати во Арсенал, сепак засега само тренира со „топчиите“. Од ова произлегува од 48 клубови во Европа, тие најголемите, најглавните кои ќе имаат европска пролет, е во нив ќе играат само двајца Македонци.

Навистина поразителен факт.