Традиционално со гала свеченост, впрочем како што и личи на Фудбалската федерација на Македонија, на 24 декември во МНТ, ќе се прогласат најдобрите во мак – фудбалот за сезоната 2018/2019.

Да потсетиме дека во конкуренција за најдобар играч се: Брдаровски (Вардар), Муслиу (Шкендија), Дориев (А. Пандев), потоа за најдобар тренер: Османи (Шкендија), Тренчовски (А. Пандев), Васоски (Вардар), за најдобра фудбалерка Салихи (Драгон), Андреевска (Драгон), Панчурова (Тиверија), за најдобар млад играч: Ибиши (Вардар), Тодоровски (Работнички) и Рамадани (Шкендија).

Преку сајтот на Фудбалската федерација на Македонија, во тек е гласањето со кое љубителите на фудбалот, односно тие што гласаат, ќе помогнат во изборот на „нивниот“ кандидат.