Дебитантот во Лигата на шампионите, Аталанта, успеја да обезбеди пласман во нокаут фазата во елитното натпреварување благодарение на среќата и расплетот на случувањата во групата во нејзина корист. Па така таа стана и првиот тим во историјата на ЛШ, на кој му успеало да ја пројде групната фаза после порази во првите три кола…

А, ваквиот успех не можеше да не биде прославен, па така фудбалерите на Аталанта беа изненадени на аеродром во Бергамо од своите навивачи, кои во три часот наутро, на дожд ги пречекаа своите херои.