ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци

Европските лидери на самитот во Брисел се согласија да ги продолжат економските санкции кон Русија за уште шест месеци, односно до крајот на јули 2020 година.

Санкциите се насочени против енергетскиот, финансискиот и вооружениот сектор на Русија.

ЕУ првпат воведе санкции кон Русија по анексијата на Крим во 2014 година.

Како што пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на четири дипломатски извори, одлуката за продолжување на санкциите е донесена на самитот во Брисел вчера, а неколку дена по состанокот на Нормандиската четворка во Париз, кога лидерите на Русија и Украина Владимир Путин и Володомир Зеленски се согласија да ги разменат останатите затвореници од конфликтот во источна Украина до крајот на годината, но не и за статусот на областа, за која треба да разговараат на следниот состанок за четири месеци.

Лидерите на ЕУ, исто така, се согласија околу заедничката цел Европа да биде првиот климатски неутрален континент во светот до 2050 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата