Рускиот фудбалер Максим Максимов е „пречката“ на Вардар за можност да се купуваат нови играчи во два преодни рока. Тоа значи дека „црвено-црните“ не можат да земаат нови играчи и во јануарскиот преоден. НО!!! Сето тоа може сега да се промени. Како?

Имено, Максим Максимов веќе еднаш го доби спорот, односно му беше укината суспензијата поради неговиот „нелегален“ трансфер од Тракаи во Вардар. Тој продолжи да игра фудбал, меѓутоа ги даде на меѓународниот спортски Суд во Лозана тимот на Тракаи и литванската фудбалска федерација, од кои бара отштета.

Соочувањето се случи на 9. декември, а сега ќе се чека одлуката, која би требало да излезе на почетокот на идната година.

Просто кажано, ако Максимов успее да ја добие оваа „битка“, тогаш голема е веројатноста да се „скине“ и суспензијата за Вардар, односно забраната за трансфери.

„Спортмедиа“ дознава дека Максимов ангажирал многу силна одбрана во овој случај, односно дека платил преку 32 илјади швајцарски франци.

Суспензијата на Максимов беше забрана да игра фудбал една година, и 132 илјади евра глоба. Ако Максимов не плати, тогаш Вардар ќе треба да ја плати таа сума. Вака на крајот може се добро да се заврши, и Вардарци да продолжат со купување, а рускиот фудбалер да избегне парична казна.

Во моментов Максимов е дел од Торпедо Москва и во есенскиот дел има одиграно само шест меча, и постигнато еден гол.

Укинувањето на забраната на Максимов би го доближила Вардар до титулата, со оглед дека тимот би донел некое засилување во својот тим во јануари, за да ја задржи предноста од осум бодови пред конкурентот Шкендија.