Башакшехир во 90. минута дојде до победа во дуелот со Борусија Менхенгладбах, и на крајот се пласираше како првопласиран во групата, пред Рома. Турците имаа мали шанси со оглед дека гостуваа кај првопласираниот тим на табелата, а згора на тоа имаа и негатива по голот на Турам. Но, најпрво Кавечи израмни, а потоа Кривели донесе предност. На крајот домашниот тим погоди статива.

Рома одигра 2:2 со Волфсбергер, доволно да оди во следната фаза.

Во 1/16 финалето од ЛЕ се пласираше и Лудогорец кој одигра нерешено 1:1 со Ференцварош. Од таа група понатаму оди и Еспањол, и покрај поразот од 0:1 дома од ЦСКА Москва.

Гент и Волфсбург од групата И го продолжија патот во следната фаза, благодарение на победите на Сент Етјен, односно Александрија.

Брага и Вулверхемптон се пласираа понатаму во групата К, нешто што беше познато и пред последните мечеви, а тие со триумф ја заокружија групната фаза.

Манчестер Јунајтед убедливо со 4:0 над Аз Алкмар само ја потврди добра форма, и пласманот понатаму. Партизан беше подобар од Астана со 4:1, но Србите ја испуштија шансата во минатото коло и дуелот со АЗ.

Во следната фаза одат Порто и Глазгов Ренџерс. Порто беше подобар од Феенорд, а Глазгов Ренџерс требаше само да не загуби против Јанг Бојс (одигра 1:1), и обезбеди пласман понатаму.