После три победи по ред Фенер доживеа пораз и тоа од вицешампионот на Европа и истанбулски ривал Ефес, додека рускиот гигант ЦСКА испушти победа на гостувањето кај Макаби во 13. коло на Евролигата. Кошаркарите на  ЦСКА доминира во првото полувреме имаа +9, па дури и +14 (30:44), но Израелците направија серија од 13:0 во третата четвртина за пресврт 62:60 и потоа воспостави контрола на мечот и му ја отежни работата на европскиот првак.

ЦСКА стигна до 80:80, а „Гордоста на Израел“ направи нова серија од 10-0 и победи со 90:80.

Кај Макаби Скоти Вилбекин постигна 22 поени, а Отело Хандер уфри 20 меѓу кои и одлучувачки кошеви во последната минута.

А Фенербахче пред своја публика падна од Ефес со 81:73. по изедначеното прво полувреме 38:38, третата четвртина Ефес ја доби со 21:11 и тоа беше клучниот момент. Постојано одржуваше предност која кошаркарите на Фенер не можеа да ја намалат.

Ефес ја запиша 11 победа (два порази), а Фенер има скор 5-8.

Standings provided by Sofascore LiveScore