Капитенот на македонскиот кошаркарски национален тим Војдан Стојановски има нов клуб. Тој ќе ја продолжи кариерата во екс-францускиот шампион Ортез со кого се договорил за соработка, а во наредните денови ќе го комплетира трансферот.

Тој беше слободен играч откако во јуни си замина од германски Олденбург, а покрај понудата од МЗТ Стојановски одлучи да остане да игра во странство со тоа што ја прифатил понудата на Французите.