Кралскиот клуб во јануари тргнува во офанзива по потписот на Калиду Кулибали, стоперот од Сенегал, еден од најдобрите фудбалери на Наполи. Реал Мадрид, барем според шшекулациите на медиумите во Италија и Шпанија, подготвен е да издвои сума од 50 милиони евра и плус да го прати Лука Модриќ на „Сан Паоло“, кај новиот тренер на наполитанците Џенаро Гатузо и Елиф Елмас. Дали е тоа доволно останува да се види, посебно ако се знае дека Аурелио Де Лаурентис за него бара 120 милиони евра, а за услугите на одличниот Сенегалец заинтересирани се и Барселона и Тотенхем на Жозе Мурињо.