Екипата на Нант потешко од очекувањата го совлада тимот на Екс во рамките на францускиот шампионат. Дури во финишот на мечот Нант го скрши отпорот на противникот. Резултатот беше нерешен до последната минута, а потоа македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров имаше клучна асистенција за Ајмерик Мине кој донесе предност на Нант и тој гол се покажа како решавачки околу победникот.

Инаку Лазаров го заврши натпреварот со два гола од осум обиди што е лош процент (25%) на реализација. Сепак со таа клучна асистенција се извади за лошиот настап. Нант е трет на табелата и повторно фати победничка серија (четири победи по ред), а Екс е шести.