МАЈСТОРЕ МОЖЕ ЛИ КАЈ ПАРНОТО? Куче влезе во автобус да се стопли, а патниците се стопија (ФОТО)

12.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАЈСТОРЕ МОЖЕ ЛИ КАЈ ПАРНОТО? Куче влезе во автобус да се стопли, а патниците се стопија (ФОТО)

Мајсторе може ли да легнам кај парното? Куче се качило во автобусот да се загрее малку, а белграѓаните се стопиле

Црното куче, се качило во автобусот на постојката кај железничката станица Тошин бунар и веднаш легнало покрај парното под седиштето

Веднаш им било јасно на сите дека напуштеното куче влегло во возилото за да се загрее.

- Никој не го допре, тој беше навистина мирен. Само што влезе и легна покрај моето место под кое беше грејачот. Тоа е местото каде што  и заспа - вели Невена, патник во автобусот 601 и сведок на настанот.

Според неа, никој од патниците не се жалел и тие дозволиле црното куче да се згрее и да поспие во автобусот.

Сите го сликале и снимале, додека мирно спиело покрај парното.

Кога девојката до која легнало, станала да си оди кучето тргнало да ја следи, но кога автобусот застанал на следната постојка, кучето го почувствувало ладниот воздух па одлучило да се повози уште малку во топлиот автобус.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата