Србите и Хрватите во Босна се здружија, ги повикуваат Боњаците на разум

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србите и Хрватите во Босна се здружија, ги повикуваат Боњаците на разум

Претседателите на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и Драган Човиќ по денешниот состанок во Мостар изјавија дека уште повеќе ја зајакнале соработката помеѓу двете партии.

Човиќ изјави дека двајцата ќе работат на зближување на хрватскиот и српскиот народ и дека ќе го повикаат и третиот народ во БиХ, Бошњаците, да соработуваат со нив.

Додик, кој е и претседавач со Претседателството на БиХ, рече дека е потребно лидерите на двете партии периодично да се состануваат за да одговорат на предизвиците, како што сега е застојот во формирањето на власта на ниво на БиХ.

– Недозволиво е вака да се доцни. Треба да имаме предвид дека хрватската и српската репрезентација одамна е јасна. Чекаме во рамки на бошњачката структура да се консолидира таа политичка волја и конечно да се најдеме во Парламентот и да работиме според закон и устав, порача Додик.

Тој рече дека бошњачката опструкција за формирање на власта е евидентна, но најави дека и за тоа ќе има одговор, доколку во наредните денови не се расчисти ситуацијата.

Додик рече дека СНСД ќе ги поддржи измените на изборното законодавство што ги бара ХДЗ, нагласувајќи дека барањето на хрватската страна е фер и да се спречи едни на други да бираат политички преставници.

– Без разлика на различните идеолошки пристапи, Босна и Херцеговина е земја на два ентитета и три народи. Обидите на постојано заземање на позицијата која припаѓа на другите е основен проблем, рече Додик.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата