Шест лица во критична состојба по пожарот на рускиот носач на авиони

12.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шест лица во критична состојба по пожарот на рускиот носач на авиони

Пожарот на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ е локализиран, а утврдено е дека причина за огнот е изведување заварувачки работи во првата единица за напојување, соопшти шефот на Обединетата бродоградна корпорација, Алексеј Рахманов.

„Во тој момент се изведуваа работи за замена на единиците за напојување, но искра паднала на подот, каде имало истурено гориво, по што дошло до пожар“, појаснил Рахманов.

Во инцидентот се повредени 10 лица, од кои шест се во критична здравствена состојба, а само едно е со полесни повреди.

 

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата