Грција со известување до Македонија за ратификацијата на договорот

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција со известување до Македонија за ратификацијата на договорот

Грција утре ќе испрати официјална дипломатска нота, за да ја информира Македонија за ратификацијата на Преспанскиот договор и протоколот за влез во НАТО, изјави алтернативниот грчки министер за надворешни работи, Јорго Катругалос, пренесе „Катимерини“.

Тоа значи дека, почнувајќи од следната недела, сите, вклучително и Македонија, мора да ја нарекуваат земјава Република Северна Македонија.

„Северна Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име. И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено“, објаснува Катругалос.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата