Обвинет од „Диво Насеље“ ѝ нудел бомби на Фетаи

12.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обвинет од „Диво Насеље“ ѝ нудел бомби на Фетаи

Обвинетиот во случајот „Диво Насеље“ Шефчет Халачи, во јуни оваа година ѝ испратил прислушувани материјали на обвинителката Фатиме Фетаи, поврзани со случајот „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Халачи ѝ се јавил на Фетаи и ѝ кажал дека има 140 гига бајти прислушувани разговори кои тој ги праќал и на Ел Чека, таа му кажала тие снимки да ги испрати и до поранешното Специјално јавно обвинителство.

Обвинителката Фетаи појасни дека меѓу снимките што ѝ ги пратил Халачи, покрај за „Монструм”, има материјали и за други случаи што ги водеше поранешното СЈО, а сега ги води Обвинителството.

Овие снимки јавноста веќе ги има слушнато и тоа се разговорите кои ги воделе бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска за овој случај.

Фетаи на денешното рочиште за „Монструм“ истакна дека сите материјали кои ги добиле во СЈО од Халачи, се предадени на Судот. Судењето за „Монструм“ е во тек, се чита документацијата што е изработена од извршениот увид.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата