Откако пред неколку денови СПОРТМЕДИА објави дека Раде Цицмиловиќ поднел оставка од местото шеф на стручниот штаб на Тиквеш, денеска првиот човек на клубот Миле Масларков во изјава за нашиот портал истакна нема да има промени на клупата на тимот од Кавадарци. 

„Тоа што беше беше по натпреварот со Брегалница. Сега одиме напред. Многу луѓе ми се јавуваа да ургираат за нов тренер, но јас можам да кажам дека Раде Цицмиловиќ останува на клупата на Тиквеш. И официјално и дефинитивно тој ќе ја води екипата напролет“.

ЌЕ СИ ОДАТ 4-5 ИГРАЧИ…

Претседателот на кавадарчани го кажа и следното…

„Ние во Цивмиловиќ имаме голема доверба, токму затоа сакаме со него како тренер да го подигнеме нивото на Тиквеш, мислам тука на играчкиот квалитет. Ќе следува ремонт во тимот. Токму затоа ќе си одат 4-5 играчи, оние кои не задоволија оваа есен, а ќе ангажираме најмалку 4-5 екстра квалитетни прволигашки играчи. Сакаме напролет да бидеме во игра за тие први две места на табелата во Вората лига – Исток“ изјави за СПОРТМЕДИА Миле Масларков.