ФОТО: СПОРТМЕДИА

Давид Писонеро имаше кратка авантура во Вардар. За разлика од неговите сонародници не успеа да го задржи местото на клупата на европскиот првак, по првиот пораз во Лигата на шампионите тој го загуби статусот на прв тренер.

Промената дојде до средбата со Кил, на негово место дојде спортскиот директор, Едуард Кокшаров, кој пак не промени ништо посебно. Вардар редеше порази, на паузата замина како шестопласиран на табелата во групата Б.

Шпанскиот стратег денеска го напушти Скопје неславно, тој замина кон својата земја и ја заврши соработката со Вардар. СПОРТМЕДИА дознава дека имал понуда од Еурофарм Работник, кој пред скоро време се раздели со Стевче Алушовски кој во скоро време треба да биде промовиран како нов стратег на македонскиот првак.