Дводневен самит на лидерите на ЕУ во Брисел

12.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дводневен самит на лидерите на ЕУ во Брисел

Лидерите на земјите членки на ЕУ денеска и утре во Брисел ќе се состанат на последниот самит во 2019 година.Ова ќе биде првиот состанок на врвот со кој ќе претседава новиот претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Самитот ќе се фокусира на усвојувањето на заклучоците од Конференцијата за иднината на Европа, што е замислена како форум на кој во следните две години граѓаните, граѓанските здруженија и институциите на ЕУ ќе дебатираат за можните внатрешни реформи на ЕУ.Втората тема на Европскиот совет ќе биде посветена на климатските промени.

Лидерите на земјите од членки на ЕУ ќе разговараат и за Еврозоната и засилувањето на Европската економска и монетарна унија, како и за бБрегзит и подготовките за преговорите за идното партнерство со Велика Британија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата