Тунберг изненадена што „Тајм“ ја прогласи за личност на годината

11.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тунберг изненадена што „Тајм“ ја прогласи за личност на годината

Шведската активистка Грета Тунберг изјави денеска дека е малку изненадена што е прогласена за личност на годината од магазинот „Тајм“.

Додека ја напушташе Конференцијата за климатски промени на ООН во Мадрид, Тунберг изјави за „АП“ дека сака да им ја посвети наградата на сите млади активисти.

Сега планира да се врати дома во Шведска  и да одмори за време на празниците.

„Ако не направите паузи, нема да можете да продолжите“, рече 16-годишната активистка.

„Тајм“ ја прогласи Тунберг за личност за 2019 година, поради нејзината посветеност во борбата против климатските промени.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата