СТРАШНО! Силен ветар ПРЕВРТЕ КАМИОН ВРЗ ПОЛИЦИСКИ АВТОМОБИЛ (ВИДЕО)

11.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТРАШНО! Силен ветар ПРЕВРТЕ КАМИОН ВРЗ ПОЛИЦИСКИ АВТОМОБИЛ (ВИДЕО)

Ветровите пропратени со дожд во Велика Британија дуваа над 100 километри на час, а на автопатот А1 заради силниот ветар се преврте камион кој потоа удри во полициски автомобил.

Несреќата се случила на автопат меѓу Хадингтон и Данбар во Шкотска кога полициско возило го насочувало сообраќајот, додека ветерот веќе го оддува еден камион надвор од патот.

Другиот камион тогаш само се преврте врз полицискиот автомобил. Полицискиот службеник кој се наоѓаше на местото на настанот, за среќа е полесно повреден.

„Мораме да го затвориме А1 веднаш. Камионот сам падна врз моето патролно возило. А баш вчера го полирав.“ вели началникот на полицијата Стјуарт Карл.

Метеоролозите издадоа жолто предупредување за подрачјето на Англија и Шкотска бидејќи силните ветрови веројатно ќе предизвикаат и одложувања во железничкиот и патниот сообраќај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата