Димитриев: Ако имаше поддршка од Владата, фабриката „Кранфилд фаундри“ ќе ја отпочнеше сега втората линија

11.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитриев: Ако имаше поддршка од Владата, фабриката „Кранфилд фаундри“ ќе ја отпочнеше сега втората линија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев и поранешен технички премиер, по повод започнувањето со работа на новата фабрика „Кранфилд фаундри“ изјави дека оваа инвестиција во земјава е дојдена уште во 2014 година, а првиот договор за нејзино инвестирање во нашата држава и во Пробиштип е со договор со претходната влада во 2015 година.

Тој истакна дека се работи за инвестиција од околу 20 милиони евра, а првичните планови биле со поразлични тајминзи.

„Ако одеше проектот се како што треба и ја имаше потребната поддршка од Владата онака како што треба денеска ние требаше да бидеме сведоци на отпочнување со работа на втората линија од оваа фабрика. Првата линија требаше да почне со работа некаде 2018 година и да ги оптимизира оние првично планирани околу 250 вработувања и некаде овој период да биде во средина градбата на втората линија со оптимизирање на над 300 директни вработувања и околу стотина индиректни вработувања“, рече Димитриев.

Тој додаде оваа зона има капацитет и за други компании, бидејќи во Пробиштип и регионот има одлични средни училишта со машински и електро смер. Овој крај подолго време работи во областа на металургијата, рече Димитриев кој изрази уверување дека тоа се предности за привлекување на инвеститорите.

„Добро е што денеска претседателот на Владата се надмина и призна дека сепак оваа инвестиција е започната од претходната влада, дека некој се потрудил да дојде оваа инвестиција и мислам дека ова мое задоволство го делеа веќе вработените 60 луѓе и потенцијалните нови вработувања и начин на осигурување на перспективата во овој крај“, додаде Димитриев.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата