Силекс, кој изминатава есен заврши на делба на третата позиција на табелата во ПМФЛ, деновиве остана без двајца свои фудбалери. Имено како што велат нашите информации голманот Андреја Ефремов и бекот Стефан Коцев не се повеќе членови на клубот од Кратово. За Ефремов можби и очекувано ако се знае дека тој по доаѓањето на Даниел Божиновски падна во втор план. Додека Коцев, како што дознаваме имал добро понуди од клубови од Албанија и Косово, па можеби таму ќе ја продолжи својата кариера. 

Инаку Силекс како што е вообичаено за овој клуб, има намера во зимскиот преоден рок и адекватно да се засили. Откако тимот имаше супер финиш во есенскиот дел, и заврши рамо до рамо со Академија Пандев на третото место, сега амбициите растат како да растат. Се споменува напролет и битка за излез во фудбалска Европа.