Една недела порано започнува одморот за главните ѕвезди во редовите на европскиот првак Вардар. Руските репрезентативци, Скубе, Пелко, Чупиќ… Сите се веќе распуштени и по дома.

Вардарци со втор тим ќе патуваат во Нашице, каде в недела му гостуваат на Нексе во последното коло од регуларниот дел на сезоната во СЕХА лигата.

Вардар веќе има сигурен пласман во плејофот од првото место на табелата во групата Б, а мечот со Нексе нема никакво резултатско значење за “црвено-црните”, па од таму јасен е потегот на европскиот првак да им даде повеќе простор за одмор на главните играчи.