Познати се сите патници за полуфиналето на Светското првенство чиј домаќин е Јапонија. Норвешка, Холандија, Русија и Шпанија се полуфиналните двојки, кои ќе се борат за медал.

На последната средба од групата 1, Норвешка одигра за Холандија, ја совлада Германија со 32:29 (17:16) . По овој пораз, Германките им остана да се борат за место во квалификациите за ОИ.

Црна Гора, пак, во групата 2, ја совлада Шведска со 26:23 (12:12) и интересно е дека против Србија ќе игра за 5. место на Светското првенство. Двете репрезентации исто така обезбедија пласман во квалификациите за Олимписките игри во Токио следната година.

Мехмедовиќ со 7 погодоци е најефикасна, додека Радичевиќ постигна 5 погодоци.