(Видео) Стоилковски: Кривична одговорност за Филипче и владата на Заев за аферата со инсулинот

11.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Стоилковски: Кривична одговорност за Филипче и владата на Заев за аферата со инсулинот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес конференција изјави дека аферата со валидниот инсулин повлекува кривична одговорност за министерот за здравство и владата на Зоран Заев. Тој порача дека го повикуваат министерот Венко Филипче јавно да одговори на конкретни три прашања:

„Прво, кога точно е увезен инсулинот кој е уништен а чиј што краен рок на употреба е до 6-ти месец следната година? Дали министерот знае дека нема инсулин со рок на употреба подолг од 20 месеци и ако е така тогаш инсулинот е донесен во време на оваа власт.

Второ, министерот Венко Филипче да одговори која институција проценила дека се работи за сомнителен инсулин, и поради кои објективни причини оценила така. Нека покаже документ, како што ние го покажуваме овој документ од министерството на кое се гледа дека рокот на траење на дел од инсулинот е до 6-ти месец следната година?

Трето и многу важно, ако министерството оценило дека има сомнителен инсулин, тогаш зошто нема постапка врз тој кој довел до таа состојба или се се завршува со гола реторика после која треба да следи втор вносен тендер за набавка на нов инсулин. Фатени се живи како прават малверзации со валиден инсулин. Бараме точни одговори од министерот за здравство“ рече Стоилковски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата