Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас наскоро ќе добие нов тренер во Наполи, откако доцна синоќа Карлос Анчелоти и официјално доби отказ.

Нашиот „дијамант“ преку својот „Инстаграм“ профил емотивно се збогува од италијанскиот стручњак.

„Господине, ти благодарам за се што стори за мене. Ми беше задоволство да работам со тебе, и секако да бидеш мој тренер. Ти посакувам се најдобро во иднина“.