Карпошани преку анкета ќе одлучат дали се за регулација на паркирањето

11.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карпошани преку анкета ќе одлучат дали се за регулација на паркирањето

Градоначалникот Стефан Богоев рече дека Општина Карпош е во финална подготовка на анкета со која граѓаните ќе одлучат дали се за регулација на паркирањето. Прво ќе бидат опфатени урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, а анкетирањето ќе се спроведе теренски, по домаќинства.

Тој кажа дека до Општината пристигнале поголем број на петиции од граѓани со цел да се регулира паркирањето.

„Локалната самоуправа соработува со ЈП ‘Градски паркинг’, со цел да се понуди решение, со кое за резидентите паркирањето би останало бесплатно, за едно, две и три возила. Со регулацијата на паркирањето, ќе се исцртатат дозволените места за паркирање, ќе се ослободат голем дел од тротоарите и зелените површини, и ќе се создадат полесни механизми за санкционирање на непрописно паркираните возила. Доколку постои интерес и од други урбани заедници, Општината ќе продолжи со спроведување на анкетата“, рече Богоев.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата