Бројот на загинати во зградата која се урна во Истанбул се искачи на 21

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на загинати во зградата која се урна во Истанбул се искачи на 21

Бројот на загинати во зградата која се урна во Истанбул порасна на 21. Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера го посети местото на несреќата. Тој рекол дека од оваа несреќа може да се извлечат многу поуки.

Причината за нереќата сè уште се утврдува, но властите наведоа дека последните три спрата на осумкатницата биле изградени нелегално. Зградата имала 14 станови во кои живееле 43 станари.

„Во оваа област имаме сериозен проблем со нелегални градби за да се заработат повеќе пари“, рекол Ердоган.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата