Нова тура бомби за „Рекет“: Се споменуваат Заев, Рускоска, чантата со пари…

11.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нова тура бомби за „Рекет“: Се споменуваат Заев, Рускоска, чантата со пари…

На истиот видеоканал каде пред три дена беа објавени снимки на кои се слуша гласот, за кој дел од медиумите тврдеа дека припаѓа на Орце Камчев, денеска има нова тура на аудиозаписи.

На нив повторно се слуша истиот глас, кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, а овојпат со соговорниците се отвораат теми како каде завршила „Луј Витон“ чантата, дека во неа имало „џи-пи-ес“ уред, се поменува обвинителката Вилма Рускоска, Врховен суд, извесен Јово…

Снимките се објавени во неколку одделни видеа на каналот „U6e Big“.

1. 

Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти… Не не пуштија они. Што зборите вие?

2.

Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав… Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак освен кад ме позвала тужитељица. Молим те уради да га шта пре позове, да каз.. све како што си му рекао. Велики поздрав њега, велики поздрав…

3.

Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер“, се слуша во објавените записи.

 

4.

Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот … ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната (се слуша гласно смеење).

Тоа не е сè. Ги нема она кога отвора Боки, само го има звукот. 50 се. Само го има звукот. Вика ‘Што е ова 50“, викам, „Капитал, гледаш … бизнисмен’. Јас намерно го знам, го монтирам. ‘Какви се овие банки да немаат 500 во Македонија’ и тоа го збори (повторно следи смеење).

5.

Соговорникот прашува „Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“,  одговара другата страна чиј глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО. Потоа, повторно се слуша прашање „Му ги дал на него?“, па следува нов одговор од гласот кој наликува на сведокот „Не знам, куферот не е кај Заев“.

6.

Пишувам, те молам Зоки јави се. Не можам друже во гужва сум. Не треба да дадеме кај Вилма ништо. Во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му го имам во документ, ќе ти го покажам. Друже мој, Македонија мора да стане правна држава, да идеш да си пријавиш инаку ти ќе одговараш“, вели гласот кој наликува на сведокот во „Рекет“.

Извор: Република

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата