Galaxy S11 ќе има 4500mAh батерија

11.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Galaxy S11 ќе има 4500mAh батерија

Минатата недела се појавија информации за батеријата на претстојниот Samsung Galaxy S11+ телефон, а сега имаме информации и за батеријата на стандардната варијанта на уредот, која е сертифицирана од SafetyKorea. Според сертификатот, Samsung Galaxy S11 ќе има 4500mAh батерија.

Ќелијата на батеријата на Galaxy S11 пристигнува со бројот на модел EB-BG985ABY. Објавена е и фотографија од оваа батерија, а видлив е минимален капацитет од 4370mAh и типична вредност од 4500mAh. Ова е рамно на она што го нуди Galaxy Note10+, а голем е напредокот во однос на 3400mAh батеријата на Galaxy S10 телефонот.

Се очекува дека Samsung Galaxy S11 ќе има 6.7-инчен Dynamic AMOLED дисплеј со QHD+ резолуција и 120Hz освежување.   Покрај тоа, ќе биде присутен и Snapdragon 865/Exynos 9830 чипсет во зависност од регионот, 8GB LPDDR5 RAM и до 512GB UFS 3.0 простор за складирање. Уште еден додаток ќе биде и 108MP главниот камера сензор.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата