Вучиќ: Со бојкотот на нобеловецот Хандке, Северна Македонија им покажа на Србите за кого да гласаат

11.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ: Со бојкотот на нобеловецот Хандке, Северна Македонија им покажа на Србите за кого да гласаат

Српскиот претседател Александар Вучиќ го коментираше бојкотот на доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на австрискиот книжевник Петер Хандке.

Тој на македонската Влада ѝ порача да си га гледа својата работа, но имаше порака и за Србите во Македонија.

Нека си ја гледаат својата работа, но со бојкотот им покажаа на Србите во Северна Македонија како и за кого да се определат и за кого треба да гласаат. Мислам дека нивниот проблем (на Владата во С. Македонија) е многу поголем отколку нашиот, порача Вучиќ.

Тој изјави дека Хандке не е великан само на германското говорно подрачје, туку и за Србија.

Му ја честиташе Нобеловата награда и му забалгодари за сè што направил во претходниот период.

Хандке многу патеше и тешко го преживеа сето ова само затоа што веруваше во вистината и во мирот и што не наседнуваше на триковите и провокациите од НАТО земјите, изјави Вучиќ.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров пред доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на Твитер напиша дека Македонија не ја поддржува и ја бојкотираа оваа одлука.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата