Украинецот Артјом Бахмет е најлошиот тенисер во светот. После трагичниот настап и поразот од 0:6, 0:6 од тајландскиот тенисер Критин Којкул на ИТФ турнирот во Доха фановите на тенисот не веруваат дека вакви тенисери можат да учествуваат на турнири па дури и да се работи од категоријата ИТФ кој е со награден фонд од 15.000 долари. Бахмет не освои ниту еден гем, сет за него е научна фантастика, го изгуби мечот после 22 минути, а играта му беше оценета како „срам за спортот“ и предизвика еден куп гневни реакции.

А како влегол на турнирот? Со оглед на правилникот секој може да игра. Според правилникот секој што платил такса може да игра. Па така и Бахмет си ја проба среќата…