Фудбалерите на Наполи со трите гола на Аркадиуш Милик за само 38 минути го решија прашањето околу својот пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Наполитанците не чекаа воопшто, па уште во 3. минута Полјакот со својот прв гол го отвори резултатот.

 

Во 26. минута по асистенција на Ди Лоренцо, Милик и вторпат го погоди белгискиот гол, за третиот гол во 38. минута да дојде до белата точка.

 

На вториот меч од групата „Е“ во Салцбург, Ливерпул имаше три 100% шанси да поведе, но на двапати Салах и еднаш Кеита не успеаја да го совладаат денеска фантастичкиот голман на домашните, Станковиќ. За воља на вистината, Халанд имаше одлична шанса за домашните, но и таа остана нереализирана, па одлуката за тоа кој од овие два тима ќе оди понатаму ќе падне во вториот дел.