Рахим Стерлиг, ѕвездата на Манчстер Сити покажа дека и тоа како знае да си направи роденденска забава во разуздан стил. Тој го собра друштвото во хотелот Хилтон, и таму имаше што да се види. Во еден момент, иако свршеницата беше на забавата, тој со една непозната девојка одигра навистина страствен танц. Од видеото се гледа дека и девојката уживала како и Рахим. Сета таа игра ја прекинала неговата свршеница Пејџ Милијан, за да не отиде работата докрај што се вели. Потоа и Пејџ танцуваше со него, значи од се по нешто на разузданата забава на Рахим.