ПИЈАН ВОЗАЧ со 2,79 ПРОМИЛИ алкохол УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЕЦ па во друг автомобил и на крај ПОБЕГНАЛ

10.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПИЈАН ВОЗАЧ со 2,79 ПРОМИЛИ алкохол УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЕЦ па во друг автомобил и на крај ПОБЕГНАЛ

Полицијата во Крагујевац го уапси М.С. од околината на Топола, заради сомнение дека извршил кривично дело попречување на службено лице при вршење на службена должност и загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Тој е осомничен дека  удрил во сообраќаен полицаец додека го управувал својот автомобил со 2,79 промили алкохол во крвта и тоа во период кога имал забрана за управување со возило.

После ударот на полицаецот лицето наместо да застане продолжило да вози при што удрило  во друг автомобил управуван од негова сограѓанка.

Полицискиот службеник и жената се здобиле со полесни повреди.

Осомничениот е приведен и одреден му е притвор во времетраење од 48 часа а потоа ќе биде изведен пред надлежен обвинител по што ќе следи соодветна кривична пријава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата