Тамара Тодевска за македонската химна: „НЕ БЕШЕ НАМЕРНО, а сите ме плукаа!“

10.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тамара Тодевска за македонската химна: „НЕ БЕШЕ НАМЕРНО, а сите ме плукаа!“

Деновиве Tамара Тодевска ја издаде својата нова песна насловена како „Monsters“ (Чудовишта), а на фестивалот „Кенга меџик“ во Албанија ја свои наградата за најдобар интернационален изведувач. Во интервју за тамошните медиуми, пејачката прозборе и за нејзиниот настап каде ја згреши македонската химна.

Беше ненамерна грешка и омразата започна. Ме мразеа толку многу! Тоа беше период кога требаше да бидам среќна, горда на себе, а јас бев затворена помеѓу четири ѕида. Се прашував што се случи… На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија се, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“,  рече пејачката.

Фото: Инстаграм

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата