Јанева имаше само едно барање од мене

10.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јанева имаше само едно барање од мене

Адвокатката Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев, во денешното сведочење за случајот „Рекет“ призна дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева никогаш лично не побарала пари. Исто така истакна и дека Јанева никогаш не била присутна кога се предавале парите.

Сепак, како што појасни, рекетот одел преку Бојан Јовановски. Таа и додаде дека Јанева се јавувала на нејзиниот сопруг Орце Камчев додека беше во домашен притвор за Империја и го убедувала “дека се ќе биде ОК”.

Единствено што Јанева побарала, ако што рече, било таа да не се појавува во просториите на СЈО како бранителка на сопругот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата