Опаѓа бројот на население во Грција

10.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Опаѓа бројот на население во Грција

До 2050 година се очекува населението во Грција да опадне на осум милиони жители.

Станува збор за негативна демографска тенденција во таа земја, која започна во 2011 година, кога за прв пат од 1944 година е забележана негативна стапка на природен прираст, пренесува атинскиот весник „Катимерини“.

„Врз основа на конзервативно сценарио, до 2050 година се очекува населението на Грција да се спушти на осум милиони “, рече основачот и претседател на невладината организација ХопГенезис, Стефанос Чандакас, за време на собирот во Институтот за јавно здравје на Американскиот колеџ во Атина.

Во моментов Грција има нешто повеќе од 10 милиони жители.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата