По седум натпревари без победа Арсенал конечно победи во Премиер лигата, откако во 16. коло славеше со 1:3 на гостувањето кај Вест Хем.

Вест Хем беше подобар во првото полувреме и во 38. минута дојде до водството кога Огбона погоди за 1-0, резултат со кој се замина и на пауза.

Но, во продолжението Арсенал се избори за комплетен пресврт и тоа постигна три гола за девет минути. Во 60-та минута, Мартинели изедначи 1:1, во 66-та минута следуваше пресврт кога Пепе погоди за 2:1, а три минути подоцна Аубамејанг го зголеми резултатот на 3:1.

Арсенал успеа да го задржи водството и конечно да победи, а сега има 22 бода и се наоѓа на 9-то место. Вест Хем се најде на 16-то место со 16 поени.