Лана Јурчевиќ, ќерката на поранешниот тренер на Динамо, Никола Јурчевиќ, на 27. декември ќе стане македонска снаа, односно ќе се омажи за Ристо Рики Митревски, македонски фудбалски интернационалец. Двојката чека дете, а свадбата неофицијално ќе се случи во Скопје, пренесуваат хрватските медиуми.

Нивната врска трае од 2016 година кога Митревски беше играч на Истра 1961, а дефанзивецот во моментов настапува за кипарски Еносис.

Лана и нејзината сестра Лаура се познати и како хрватските Кардашијан, со оглед на нивната популарност на социјалните мрежи.