Борусија Дортмунд до крајот на годинава нема да може да смета на услугите на Аксел Витсел, кој на бизарен начин се повредил во својот дом по саботниот дуел со Фортуна Дизердорф.

Тој паднал по скали во својот дом и заработил скршеница на носот, на која било потребно да се изврши хируршка интервенција.

Белгиецот, кој е еден од главните играчи на Борусија сезонава, ќе го пропушти дуелот со Славија во Лигата на шампионите, дербито со РБ Лајпциг во Бундеслигата, како и гостувањата кај Мајнц и Хофенхајм пред почетокот на зимската пауза.