Одлуката на ВАДА да ги суспендира руските спортисти на четири години, забрана, која се однесува на ОИ во Токио 20202, Зимските Олимписки игри во Пекинг 2022 и СП во Катар 2022, крена голема врева, не само во Русија, туку низ комплетниот спортски свет.

Интересно е дека и легендарниот српски одбојкар Владимир Вања Грбиќ во интервју за „Спутник“ прокоментира на темата, дека ВАДА има двојни стандарди.

„ВАДА е организација која не е во составот на Меѓународниот олимписки комитет. Тоа е агенција која ги спроведува анализите на одредени тестови. Ако ја анализираме конкретно нејзината работа, таа не би требало да носи никаква одлука, ниту да е релевантна во донесувањето на одлуките, таа треба само да врши анализа. Но, и досега водеа процеси, односно начинот на кој ги правеа тестовите и анализите, сето тоа е симптоматично и многу сомнително… Тајно се знае дека голем број американски спортисти не одат на допинг затоа што Стејт департментот гарантира за нив дека се ’чисти’. Принципот на двојни стандарди е добро познат… За жал, олимпиското движење оддамна ја загуби смислата за вистински олимпизам. Сето тоа се инструкции, односно машина за политички малверзации“, истакна Грбиќ.