Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов, покажа колку е голем човек и на вечерашното загревање за првенствениот меч во Бугарија, со неговиот Пазарџик истрча со маица со која му оддаде почит на својот поранешен соиграч и сограѓанин Дени Стојчев, кој прерано почина.

Љафтов се загреваше со маица со натпис „Почивај во мир Дени Стојчев“, што беше негов последен поздрав до клупскиот и репрезентативен соиграч, кој ја обви во црно цела Струмица, но и комплетната македонска одбојкарска јавност.