БиХ: Бројот на новороденчиња намален за 40 проценти во последните 20 години

9.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БиХ: Бројот на новороденчиња намален за 40 проценти во последните 20 години

Минатата година во Босна и Херцеговина се родени 28.600 бебиња, што е за 40 проценти помалку отколку во 1997 година кога се родиле 48.300 бебиња, а во првите девет месеци од оваа година продолжува падот на новороденчињата.

Во Босна и Херцеговина, 20 општини претрпеле намалување на новороденчињата и повеќе од 40 проценти за 10-годишен период, пишува „Клих“.

Се наведува дека една од главните причини за ваквата состојба е иселувањето на населението, иако нема точни показатели за тоа.

Трендот на емиграција на граѓаните на Босна и Херцеговина, претежно во земјите од Западна Европа, трае од крајот на војните на територијата на поранешна Југославија, а најважните причини се недостатокот на перспектива, политичката клима и квалитетот на животот.

Се додава дека е особено загрижувачки што во последниве години заминуваат вработени лица, дури и лица со многу повисоки приходи од просекот во земјата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата