Почнаа воените вежби во Балтичкото Море

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почнаа воените вежби во Балтичкото Море

Околу 10 бродови на Балтичката поморска база учествуваат во воените вежби кои денеска почнаа во Балтичкото Море, соопшти руската морнарица.

„Бродовите се групирани во неколку тактички групи. Тие ќе изведат низа планирани задачи во вежбата против други бродови како и вежби за воздушна одбрана и ќе вржат артилериско гранатирање на воздушни и поморски цели“, се наведува во соопштението, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.

Во вежбите учествуваат неколку главни сили на поморската балтичка база, помали бродови и моторни чамци и различни помошни чамци.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата