ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е НАДВОР ОД ЕВРОПСКИТЕ РАМКИ - Венецијанска комисија ги објави забелешките

9.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е НАДВОР ОД ЕВРОПСКИТЕ РАМКИ - Венецијанска комисија ги објави забелешките

На 25 страници, и со слична содржина како и начелното мислење објавено во петокот – Венецијанската комисија ги објави сите забелешки и препораки за законот за употреба на јазиците

Клучни остануваат препораките во делот на правосудството и казнените одредби, но се додава дека предлог – законот излегува од предвидените европски рамки. Во заклучоците на мислењето, се повторува барањето властите во земјава ја преиспитаат употребата на законот преку консултации со сите засегнати страни во земјава.

Мислењето на Венецијанската комисија е дека во одредени области, законот оди предалеку со наметнување на она што се покажа како нереална правна обврска врз јавните институции. Особено во случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка за да бидат целосно спроведени.

Во мислењето се додава и дека на голем дел од одредбите им недостасува јасност и прецизност бидејќи некои членови од законот се премногу општи. Во мислењето, Комисијата дава и забелешки за идејата за двојазични униформи и банкноти, за кои вели дека се надвор од европските рамки, но не и без преседан.

Според комисијата, членот 8 од Законот за јазиците оди далеку повеќе од минималните предвидени стандарди за заштита на малцинствата. Дури ни детално напишаната Европска повелба за човекови права, не предвидува такви обврски во врска со банкноти, монети, поштенски марки и униформи на една земја.

Употребата на албанскиот јазик во некои делови од општественото живеење на државата е прешироко. Тоа особено се однесува во законските одредби за употребата на други јазици во судските постапки. Со тоа ќе се забават судските постапки, што е спротивно со правото на судење во разумен рок. Дел од Законот ги надминува минималните предвидени стандарди за заштита на малцинствата.

Главно се повторува барањето властите во земјава да ја преиспитаат употребата на законот преку консултации со сите засегнати страни во земјава.

Мислењето на Венецијанската комисија е дека во одредени области, законот оди предалеку со наметнување на она што се покажа како нереална правна обврска врз јавните институции.

Законодавецот треба да го преиспита Законот за јазиците во делот на отстранување на одредбите во законот што се однесуваат на двојазичноста во судските постапки. Треба да се измени чл. 3 од Законот со кој се обезбедува употреба на албанскиот јазик во внатрешната и внатреинституционалната комуникација преку ограничување на неговиот опсег во делот на писмената официјална комуникација, препорачува Венецијанската комисија.

Законот е нејасен и во делот каде што албанскиот јазик се смета за официјален јазик (сите органи на централната власт, јавните претпријатија, агенции, директорати, институции и организации, комисии).

Според Комисијата не е јасно дали се вклучени и приватните компании – поштенските услуги, компаниите за транспорт, болници, градинки, медиумски куќи и слично.

Комисијата забележува дека е екстремно широк опфатот на водењето на постапките пред јавните институции на македонски и на албански јазик (изборен процес, образование, наука, здравство, култура, полиција, радиодифузни активности, нотарски работи, инфраструктура, граѓански регистри, лична документација, финансии, економија и др.).

Комисијата предупредува и дека наметнувањето на употреба на албанскиот или на кој било друг малцински јазик врз граѓаните (на јавната администрација, судските постапки, лични документи) е повреда на индивидуалното право на слободата на изразување. Тоа е гарантирано со Уставот кој, пак,  ја утврдува употребата на немнозинскиот јазик како индивидуално право, а не како обврска, а Уставнот суд е тој кој  ја цени уставноста во државата.

Во мислењето, Комисијата дава и забелешки за идејата за двојазични униформи и банкноти, за кои вели дека се надвор од европските рамки, но не и без преседан.

Според комисијата, членот 8 од законот за јазиците оди далеку повеќе од минималните предвидени стандарди за заштита на малцинствата.

– Дури ни детално напишаната Европска повелба за човекови права, не предвидува такви обврски во врска со банкноти, монети, поштенски марки и униформи на една земја – констаитра Комисијата.

Покрај другото Комисијата пепорачува намалување или одложување на паричните казни предвидени за кршење на законот, кои според неа, се превисоки.

Се препорачува владата да направи и анализа за причините поради кои се проблематизираше примената на законот за јазиците од 2008 година.

Законот за употреба на јазиците е донесен лани. Тој е изгласан во Собранието на 11 јануари и на 14 март минатата година, но тогашниот претседател Ѓорге Иванов одби да го потпише со образложение дека е противуставен. Законот е објавен во Службен весник со потпис на претседателот на Собранието.

Со законот се предвидува во сите органи на државната власт , централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик, покрај македонскиот и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните во земјава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата