Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс пред неколку дена ја продолжи верноста со „Лисиците“ на уште шест години, односно се обврза на договор до 2025 година. Иако беше поврзуван со Арсенал, сепак, стави крај на сите шпекулации потпишувајќи подобар договор.

Сега Лестер продолжува да ги средува и играчките редови, па планира да ги задржи своите најдобри фудбалери. Така според англиските медиуми, нова соработка наскоро ќе потпишат Џејмс Мадисон, како и централниот дефанзивец Чалар Сојунџу.

Сојунџу веќе има понуда од Јунајтед, кој сака да го обедини со Мегвајер, но од Лестер немаа намера да ја повторат истата грешка, и се претпоставува дека во новиот договор ќе има „дебела“ клаузула.