По победата над Пик Сегед во големото дерби во унгарското првенство, Веспрем опуштено го реши дуелот со Мезоковесд 37:26 (21:17) и продолжува како непоразен во националното натпреварување.

Само десетина минути траеше неизвесноста на мечот, 7:7, а потоа Веспрем ја превземе работата во свои раце и дуелот го заврши со двоцифрена предност.

Дејан Манасков доби шанса во второто полувреме и постигна три гола.