Фантастичниот Јовица Симовски беше нерешливата енигма за Кирил Ричлиев и одбојкарите на Џио Струмица и со 25 поени е главниот виновник што Вардар со 3:0 (25:16, 25:14, 25:22) излезе како победник во големото дерби од 7. коло во најсилната машка одбојкарска лига.

Поранешниот македонски репрезентативец ги предводеше „црвено-црните“ во гостинската победа над двократниот бранител на титулата. Премногу лесно делуваа првите два сета за Вардар, додека најголемиот отпор Џио го понуди во последниот сет.

Шампионот имаше добра игра и во поле и на мрежа, па поведе до 11:4, но не успеја високото ниво да го задржи до крај, односно Вардар одговори со мини-серии и се врати на 15:15, а потоа дојде и до комплетен пресврт и максимална победа.

Вардарци продолжуваат како непоразени и на две кола до крајот на овој дел од сезоната сигурно стојат на врвот.

ПРВА ЛИГА МАЖИ, 7. КОЛО

Џио Струмица – Вардар 0:3 (16:25, 14:25, 22:25)
Дибра волеј – Лирија 0:3 (13:25, 15:25, 13:25)
Универзитет во Тетово – ГОК Борец 3:0 (25:15, 25:10, 25:15)
Шкендија – УГД Студент 0:3 (20:25, 20:25, 18:25)